МИНИ и МАКСИ – Нов инстант лоз на Државна Лотарија

МИНИ и МАКСИ   – е новиот инстант лоз на Државна Лотарија, кој нуди 10 автомобили BMW X1  и 5 автомобили MINI ONE. 

Државна лотарија ја продолжува низата на инстант лозови каде главна премија се автомобили. Овојпат, во игра се два типа автомобили  BMW X1 и MINI ONE. Играта е едноставна, а истовремено и динамична. Во 9-те полиња за гребење треба да се откријат три исти симболи на BMW X1 или три исти симболи на MINI ONE, за добивка автомобил. Или пак, три исти износи, за парична добивка.

Покрај автомобилите, лозот нуди и 20 добивки по 50.000 денари  и други парични добивки.

-Ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз МИНИ И МАКСИ кој за МИНИ инвестиција од 80 денари може да ви донесе МАКСИ добивка и максимум адреналин. Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот МИНИ И МАКСИ со кој може покрај возбуда и забава, да подарите автомобил или вредна парична добивка, велат од Државна Лотарија.

x

Check Also

Reebok ја лансира колекцијата во соработка со Викторија Бекам, и многу е шик!

Спорската марка Reebok го најави вториот дел на колекцијата реализирана во соработка со ...