Минималистички пролетни модни изгледи од Zara

Модната марка Зара во најновата фотосесија снимена под жешкото сонце на Палм Спринг, Калифорнија, ни ги претставува трендовите за пролет/лето 2018.

За рекламната кампања насловена Behind the Desert е ангажирана моделот Биргит Кос, која позира презентирајќи ни минималистички стил за топлите денови.

Палетата на бои е неутрална, од боја на кожа до светло кафена, бела до кремаста нијанса.

Во новата колекција акцентот е на кошула-фустаните со брановита текстура, пролетните предимензионирани јакни и ленените кошули и сукњи.

Од модните додатоци, присутни се големите метални обетки и обетките со ефект на кристал.

 

x

Check Also

Групна изложба на македонска мода и дизајн во галеријата „Акантус“

В петок, 14. декември во 18 часот во галеријата „Акантус“ во Скопје ...