Скандинавскиот стил направи од Стокхолм да биде еден од водечките модни центри во светот. Формулата за успех на скандинавските дизајнери е токму во минималистичкиот шик.
Сосема во скандинавскиот дух, & Other Stories ни нуди модни парчиња во новата колекција кои зрачат со минималистички дизајни, а сепак привлекуваат големо внимание.
Акцентот во новата колекција е на кожените фустани, елегантните кардигани и платата со нагласен струк. Од палетата на бои доминираат класичната црна и бела, и темно-зелената нијанса.