Министерот Шапуриќ во посета на „Виталиа”

Извозните проекти се двигател на македонската економија

Добрите македонски производствени компании треба дополнително да се поддржат, за да бидат уште поуспешни, што е дел од заложбите на Владата на Р. Македонија. Тие се двигател на екoномијата, придонесуваат кон зголемен извоз, раст на вработеност, поголем ГДП, и отвораат поголема европска перспектива за земјава.

Една од нив е компанијата за производство на здрава храна Виталиа ДОО Скопје, која денес ја посети Министерот во Владата на Р. Македонија задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните компании проф. д-р Зоран Шапуриќ Зоран Шапуриќ, со цел директно да се запознае со нејзиното работење, перспективите, плановите за развој и евентуалните потешкотии во работењето.

Владата на Р. Македонија треба да создава предуслови за развој на бизнис секторот за стабилно пазарно работење, да помогне и го поддржи тоа што е добро, секако во рамките на своите можности. Производството, извозот, генерираа вработувања, директно придонесуваат кон раст на БДП. Виталиа е пример за компанија со визија, компанија која веќе 25 години се носи со сите предизвици, и која континуирано се прилагодува на новите трендови и потреби на современите потрошувачи, изјави Министерот Шапуриќ, на средбата со менаџерскиот тим на Виталиа.

Виталиа” ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија како и најновите технолошки новитети и согласно нив креира здрави иновативни производи создадени според потребите на потрошувачите.

По повод 25 години јубилеј, Виталиа отвори нов погон и го зголеми производствениот капацитет за 100% во категоријата мусли и барови. Нашата стратегија за развој ни донесе раст на извозот за 15% и пораст за 30% на бројот на вработени во првите 8 месеци од 2018 година.

Како резултат на извозот на поширокиот асортиман на производи, пред се во категоријата на производи без шеќер, протеински и безглутенски производи, продуктите на Виталиа се одлично прифатени од потрошувачите, затоа што станува збор за високо нутритивни производи, кои ги задоволуваат потребите na потрошувачите за здрав дневен оброк на различни целни групи.

Виталиа е меѓу ретките компании во регионот која ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како BRC, IFS како и SA800 сертификатот за политика на општествена одговорност. Истовремено ги има имплементирано најспецифичните религиозни стандарди KOSHER и HALAL кој ги отворија можностите за извоз во земјите од Блискиот исток, Израел и ОАЕ. А од самото основање сме целосно фокусирани на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како еден од предусловите за здрав, квалитетен и долг живот., изјави Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на „Виталиа”

x

Check Also

3 позитивни промени кои ќе ги почувствувате откако ќе се откажете од белиот леб барем на еден месец

Лебот за многумина е омилена намирница без која не можат да го ...