Миранда Кер повторно заштитно лице на Манго

Австралискиот модел Миранда Кер повторно го претставува шпанскиот моден бренд Манго во рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2013.

MirandaKerrNP

Њујорк беше избран како локација за фотосесијата за колекцијата есен/зима која се одржа на почетокот на мај оваа година. Фотографи на кампањата се познатите Inez & Vinoodh.

По завршувањето на фотосесијата Кер изјави: „Одлично си поминав за време на фотографирањето. Фотографите се одлични за соработка, секогаш се забавуваме кога работиме заедно. Облеката е особено интересна оваа сезона, инспирирана од панк движењето. Ми се допадна тоа што фотографите го задржаа природниот изглед на кампањата, што одлично се вклопува со карактерот на колекцијата.”

Новата колекција доаѓа со забележително панк влијание, црната боја доминира преку модните додатоци и естетиката на ова движење.

Сепак, неизбежни се и пастелните тонови, одлични за есенските денови. Таканаречениот  „износен” изглед е присутен, како и ситниот принт и жакардот. Кај моделите за вечерни излегувања забележително е влијанието на ориентот.

Од своето создавање, Манго избира познати лица за своите кампањи. Модели и актерки како Кејт Мос, Изабели Фонтанa, Скарлет Јохансон, Пенелоп Круз, Мила Јовович, Лиз Џегер, Каролина Куркова, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова, Клаудија Шифер, Кристи Тарлингтон и Дајан Кругер имале можност да го претставуваат брендот.

x

Check Also

Топ моделот Стела Максвел го рекламира новиот парфем на Moschino – Toy 2 Bubble Gum

Ангелот на Викторија сикрет, топ моделката Стела Максвел, е заштитно лице на ...