Миранда Кер стави точка на озборувањата за нејзиното заминување од Викторија сикрет.
Причината за нејзиното напуштање на Викторија сикрет, објаснува славната убавица, се бројните ангажмани кои не може да ги реазлизира поради комплетната посветеност на Викторија сикрет.
„Со оваа професија се занимавам од својата 13-та година. Сега влегувам во нова фаза на својот живот. Веќе некое време чувствувам потреба да ги одредам приоритетите во животот, особено откако станав мајка. Единствено не сум во ситуација потполно да се посветам на договорот кој ми го нуди Викторија сикрет“, објаснува Кер.
Пред неколку години од слични причини и Жезел Бундхен ја напушти компанијата Викторија сикрет.
Сепак, заминувањето на Миранда Кер од оваа модна компанија израдува многу девојки кои чекаат на ред да станат ангели.