20 годишната штипјанка Деспина Царева е победничка на изборот Мис Бикини 2013. Деспина ќе ја претставува Македонија и целиот Балкан на светскиот избор на Мис Бикини кој ќе се одржи следниот месец во Литванија.
Во хотелот казино Хит во Дојран во организација на агенцијата Кворум се одржа финалето на Мис Бикини на Балканот 2013 со учество на 12 девојки од повеќе балкански држави.
Победи Македонката Деспина Царева, прва придружничка е Душица Костиќ од Србија, а втора претставничката на Црна Гора Тина Туровиќ.
Деспина е членка на Модното студио Црнокрак.