Мис Евроазија 2021 – Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Анталија, Турција, се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој нашата претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.

Ева е од Тетово, има 17 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина. Таа исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка.

На финалето Ева носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото Краљевски.

Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40те финалистки на Мис Евроазија 2021.

x

Check Also

Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your ...