Мис Европа Континентал: Македонката најфотогенична

На изборот за Мис Европа Континентал 2015, македонската претставничка Ана Трајковска од Тетово (19) ја освои титулата втора придружничка и мис на фотогеничност.
Изборот се одржа во хотелот Минерва во Салерно, Италија, а учествуваа околу 90 девојки од Европа.
Македонија ја претставуваа уште две убавици, Ангела Костова и Ангелина Јовановска. Сите три од модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор на убавина.

x

Check Also

Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен. BERSHKA во есенската ...