Мис на Македонија за Мис Глоуб

Викендов финалистките на изборот за Мис на Македонија 2014 за Мис Глоуб настапија во Струмица и во Куманово.

mis123

Во Струмица во клубот Селект победи Андера Ковачева, прва придружничка беше Ана Марија Таневска, а титулата втора придружничка ја освои Ивана Ѓеоргиевска.

Во Куманово победи Ангела Спасовска, прва придружничка е Паола Анжиќ, а втора Андреа Николовска.

mis981

Турнејата продолжува наредниот викенд се до големото финале кое ќе се одржи на 23 август во хотелот Романтик во Дојран.

Вкупната победничка ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2014, а придружничките ќе учествуваат на други интернационални избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.

x

Check Also

Топ моделот Риан ван Ромпеј ги претставува новите трендови на Zara

Риан ван Ромпеј е ѕвезда во новата кампања на Zara насловена Crossover дизајнирана за ...