Изборот за Мис на светот кој се случува во Индонезија повторно се соочува со скандали. За среда е закажан паралелен избор за убавина на кој ќе учествуваат само муслиманки.
По протестите на исламистите, организаторите на Мис на светот добија уште еден предизвик со кој ќе мора да се изборат. За среда е закажан паралелен натпревар за убавина кој дозволува учество само на муслиманки како „исламски одговор“ на Мис на светот.
Изборот ќе се одржи под името Муслим Ворлд, а условите за учество се сосема различни од оние на изборот за Мис на светот. Имено, убавиците мора да бидат религиозни, да бидат пример за младите и да покажат дека знаат да балансираат меѓу духовноста и модерниот начин на живот. Веќе се пријавени 20 девојки од Иран, Малезија, Бангладеш, Нигерија и Индонезија кои ќе се претстават во пригодна женска муслиманска облека.
Убавиците ќе рецитираа и делови од Куранот.