Мишел Фајфер ги изненади обожавателите со многу редок настан, селфи со нејзината ќерка Клаудија

Холивудкста глумица Мишел Фајфер(63) објави фотографија на Инстаграм со нејзината посвоена ќерка (Клаудија Роуз која има 28 година беше посвоена од славната глумица во 1993 година).

„Во градот со мојата девојка“, напиша таа.

Инаку, Фајфер нема навика да објавува фотографии од своите деца на социјалните мрежи, и тоа го прави многу ретко, само во некоја исклучителна прилика.

Рамо до рамо, двете позираат насмеани – мајката во црно фустанче со шарен принт, ќерката во светкав црвен фустан.

Клаудија Роуз е посвоена ќерка на Мишел Фајфер. Филмската ѕвезда ја пречека во своето семејство во 1993 година пред да се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е.Кели. Една година подоцна, се роди Џон Хенри, првото дете на двојката.

x

Check Also

Ирина Шајк во бикини поубава од кога-било, дали се должи тоа на вљубеноста во Канје Вест?

35-годишната руска убавица, поранешен ангел на Викторија Сикрет, буквално блеска во новата кампања ...