Мишел и Барак Обама ќе продуцираат филмови за Нетфликс

Мишел и Барак Обама ќе станат продуценти на филмови и тв серија за Нетфликс.

Поранешниот претседател на САД и Нетфликс потпишаа продукциски договор, а веста беше објавена и на официјалната твитер страница на Нетфликс.

„Претседателот Барак Обама и Мишел Обама потпишаа повеќегодишен договор за продуцирање на филмови и серии за Netflix, вклучувајќи и документарни филмови и документарни серии“, објавија од Нетфликс.

Веста за посветеноста на Мишел и Барак Обама на продукцијата, не е изненадувачка, со оглед на интересот за развој на информациите и ширење на културата кој поранешниот претседател на САД  секогаш го покажуваше, и на неконвенционален начин.

„Мишел и јас сме возбудени да соработуваме со Netflix, се надеваме дека ќе ги негуваме и поддржуваме најкреативните и талентираните лица, способни да промовираат емпатија и разбирање меѓу луѓето и да им помогнат да ги споделат своите приказни со целиот свет”, рече Барак Обама.

x

Check Also

Топ моделот Елза Хоск ќе го носи градникот на фантазиите (ФОТО)

Спектакуларното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи на 8 ноември, а ...