Мишел Обама на насловна на „Вог“, зборува за напуштањето на Белата Куќа

Првата дама на САД, Мишел Обама, ја краси насловната страница на декемврискиот Вог.

Фотографирана од Ани Лејбовиц и стилизирана од Тон Гудмен, Мишел Обама позира во бел фустан од Каролина Херера.

misel

52-годишната дама изгледа елегантно во секој поединечен избор на тоалета за целите на фотосесијата.

„На ист начин како што влегов во Белата куќа, така и ќе ја напуштам. И понатаму ќе останам на некој начин присутна и ангажирана во јавниот сервис и јавниот живот. Никогаш не гледам наназад. Секогаш се чувствувам радносна кога го употребувам мојот талент за да им помогнам на другите луѓе“, објаснува Мишел Обама за Вог.

Облечена во Версаче фустан

Облечена во Версаче фустан

„Подобро спијам навечер. Посреќна сум. Така, погледнувам наназад на нештата во кои бев вклучена и на кои работев. Прашањето е сега- како да се ангажирам на истите нешта од нова позиција? Тоа не можам веднаш да го одговорам“, додава таа.

Во фустан од Каролина Херера

Во фустан од Каролина Херера

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...