Надица Илова ја претставуваше Македонија на светскиот Мис ексклузив што се одржа во Измир.
„Две недели константно имавме снимања и фотосесии за различни каталози. Собрав доволно искуства кои ќе ми послужат понатаму, запознав многу нови пријатели, дружењата беа незаборавни и пресреќна сум“, ни рече Надица.
На натпреварот „гоу картинг“ Надица го освои првото место.
40 девојки од светот се претсавија на финалето за убавина, а победничка беше претставничката на Турција.