Мистериозна клупска забава за сите сетила

Со воведувањето на едно невообичаено искуство уште во 2017 година, Neuland платформата која нуди вистински вредности ткаени со слободоумност, безбројни можности и самоопределување, ја започна приказната со Neuland Sensorium, настан кој до ден денес не се заборава. Од арт инсталации и модни ревии до дегустација на невообичаена храна и 3D визуелизација,  сето тоа зачинето со огромни зони на Skopje Calling и Ohrid Calling, и многу други необични настани ја заокружија и минатогодишната 2018 година.

Neuland и оваа година ги раздвижува летните ноќи и продолжува да нуди сосема нови искуства. Мултидисциплинарната платформа што ни ги буди сетилата уште од 2017, оваа година е надградена на следното ниво – Neuland Mysterium.

Neuland Mysterium е настан што ќе се одржи на 4 јули, (четврток), со почеток во 20.30 часот во Ragusa 360 Rooftop, и ги повикува оние што бараат вистинска забава исполнета со содржина, контекст и мистерија да влезат во духот на Neuland и да се препуштат на уникатно доживување, преку одреден број карти кои се достапни во скопските кафулиња.

Овој Neuland настан ќе го направи чекорот кон мистериозните сензации и ќе нè испровоцира да излеземе од „комфорната зона“ и да пробаме нешто ново, во оваа летна приказна исполнета со многу активности кои ги разгалуваат сетилата и го исполнуваат духот. Neuland Mysterium ќе понуди различни мултидисциплинарни содржини, од уметнички перформанс и аудио-визуелизации до дегустација на биомолекуларна храна.

Neuland ноќите веќе трето лето внесуваат сосема поинаков пристап на вечерното излегување, концертите и културните настани, нудејќи иновативна интерактивност и креативност што ги буди сетилата и ги разигрува во една нова димензија исполнета со бои, звуци и доживувања.

Сите оние кои сакаат да ги препуштат своите сетила на уживање во вечер полна со мистерија и музичка кулминација, може да побараат влезници во кафе баровите Синдикат, Кантина, Круг, Цреша и Рузвелт. Една влезница важи за две лица и истите се во ограничен број. За подетални информации, посетете ги нивните инстаграм профили.

Влезете во светот на мистериозните доживувања со Neuland Mysterium.

x

Check Also

Музичкиот состав The Chicks го промовираа првиот спот направен со помош од Витаминка

Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен ...