Митот наречен Грејс Кели

До денес нејзиниот стил се имитира, големите креатори се инспирираат од неа, а префинетоста со која зрачеше остана симбол на елеганцијата.

grejs 6

Која всушност беше принцезата од Монако? Елегантната млада девојка која пристигна од Филаделфија, русокосата актерка која влезе во фокусот на големиот Хичкок, љубовта на принцот Рение од Монако? Таа беше од се’ по малку. Оние кои не ја познаваа ја доживуваа како рафинирана самовила со благородна душа, со неповторлива убавина, синоним на луксузот и убавината, а филмациите ја нарекуваа икона на Холивуд. Многумина и денес мислат дека принцезата Грација Патриција е сеуште една од највпечатливите ликови на кралското семејство на Монако.

Во високото друштво влезе како убава Американка, анонимна пуританка од традиционално семејство која сонуваше да стане ѕвезда на филмското платно. Потекнува од Филаделфија од богатото семејство Кели. Нејзиниот татко бил познат атлетичар кој своевремено бил и првак. Во кругот на најблиското семејство Џек Кели беше фин господин кој својот статус во општеството меѓу другото го реализираше со воспитувањето на својата ќерка Грејс. Неговата сопруга Маргарет била домаќинка и отсекогаш знаела дека во својот дом има бисер. Уште кога Грејс имала 11 години, Маргарет веќе знаела дека таа ќе стане глумица.

grejs 3

По завршувањето на средното училиште Грејс Кели ќе ја побара својата среќа на филмското платно заминувајќи во Њујорк. По промоцијата на Менхетен и’ беше дадена улога. Иако гледачите едвај ја забележаа во малата улога во филмот „14 часови“, продуцентите се заинтересираа за оваа убава русокоса девојка. И веднаш се најде во проектот „Точно напладне“ каде партнер и беше тогашната ѕвезда Гари Купер.

Молскавично името на Грејс Кели стана едно од понадежните во компанијата МГМ. Следуваше филмот „Могамбо“, како носител на главна улога Грејс беше партнерка на Клерк Гејбл и Ава Гарднер. Под режисерската палка на Алфред Хичкок нејзиното име се појави во филмските остварувања „Повикај го М за убиство“, „Соба со поглед“ и „Фати го крадецот“. Успесите продолжија да се редат, беше ангажирана во филмот „Провинцијалка“.

grejs 1

„Ја пронајдов врвната убавина, совршената градба и лице на кое се надополнува синилото на нејзините прекрасни очи. Таа доминираше со својот стил и беспрекорност, таа е вистинско достигнување на целата американска кинематографија, Грејс Кели е вистинска ѕвезда на Холивуд’, ова се зборовите на нејзиниот партнер во филмот Провинцијалка, Вилијам Холден.

grejs 2

За улогата во овој филм Грејс Кели во 1956 година го освои Оскарот за најдобра женска улога. Наспроти нејзините професионални успеси таа себеси не се доживуваше како среќна девојка. Редовно се вљубуваше во своите многу постари партнери од филмовите. Среќата и несреќата беа помешани, а длабоко во себе чувствуваше дека тие не се нејзиниот љубовен успех. И се чувтвуваше несреќна и осамена.

Непосредно по доделувањето на Оскарот и еуфоријата околу него, следуваше Канскиот фестивал. Редовно на свеченостите на овој голем филмски фестивал доаѓа и кралското семејство на Монако. Принцот Рение, како почесен гостин на фестивалот, редовно ги поздравуваше актерите. Поздравувајќи се со Грејс Кели принцот имаше чест да ја запознае љубовта на својот живот. Многумина велеа дека нивната љубовна приказна е најдобриот римејк на бајката Пепелашка. Некаде пред полноќ, пред да отчука големата камбана од канската капела, принцот Рение ја покани Грејс на танц, а по поклопувањето на стрелките на полноќ, таа не ја загуби чевличката туку своето срце. По завршувањето на фестивалот Грејс замина на снимање на новиот филм „Високото друштво“, а само еден месец по неговото завршување таа навистина влезе во високото друштво. На покана на принцот Рение, Грејс Кели дојде во посета на Монако.

grejs 4

И покрај големите афери за нејзиното минато и оценки дека таа не е достојна за принцот, Рение и Грејс по само неколку месеци ја објавија својата свршувачка, на 19 април 1956 година. Кралството ја доби својата принцеза, а Холивуд ја изгуби својата икона.

На свадбата Грејс заблеска во својот полн сјај. Благата шминка уште повеќе ја потенцираше нејзината убавина, а бујната коса за оваа пригода беше вистински погодот за новата принцеза. Иако навидум сигурна, новата принцеза беше прилично уплашена. Таа го доживеа најголемото деби, но критичарите не беа припадници на филмската туку на кралската фела. За првпат кралското семејство одобри да се врши директен пренос на некоја кралска церемонија. По крунисувањето, некогашната актерка стана принцезата Грација Патриција од Монако. Со новата улога Кели засекогаш ја заврши својата актерска кариера.

Совршено се вклопи во протоколот, ги прифати новите задолженија и совршено ги спроведе како цел живот да била дел од кралско семејство. Секогаш кога ја напушташе кралската палата изгледаше беспрекорно, а нејзиното појавување на баловите беше вистински празник за очите на присутните.

За изгледот на принцезата се грижеше Џорџ Вурс кој беше претседател на куќата Ланкестер. За козметиката се грижеше „Естер Лаудер“ па дури и парфемот кој го користеше беше специјално за неа направен од оваа куќа, земајќи ги за основни состојки цвеќињата кои Кели ги обожаваше – орхидеа и јасмин. Парфемот во согласност со принцезата две години подоцна беше пуштен и во комерцијалана продажба.

Една година по венчавката Кели стана мајка. Во 1957 година ја роди Каролина, а година подоцна и Алберт. Никогаш не ги оставаше своите деца на дадилките и сама ги воспитуваше. Седум години подоцна на светот дојде и Стефани.

grejs 5

Напредните идеи на Грејс Кели од Монако направија најпоскуван град, на нејзина иницијатива се реновираа коцкарниците, ги привлече странските инвеститори и од малото кралско место направи најголем монденски центар во Европа. И во моментот кога сите ја доживуваа како принцеза најблиска до народот, се објави веста за нејзината трагична смрт. Имаше само 55 години и ја планираше роденденската прослава на 56-от роденден. Подарокот за нејзниот роденден принцот Рение ќе го остави неотпакуван на нејзиниот гроб. Рение никогаш не се созема по оваа загуба. Не се прежени и животот го посвети на своите деца, најголемото богатство кое му го остави таа.

 

x

Check Also

Збогум Лаура Биаџоти, кралица на кашмирот

Италијанската модна дизајнерка Лаура Биаџоти почина на 73-годишна возраст, во болницата Сант ...