Многу повеќе од хотел, Принчипе ди Савоја – миланскиот синоним за стил

Славната Галерија Виторио Емануеле во хотелска верзија, венецијански огледала од 19 век, мебел дизајниран од познатиот архитект Маџолини, светилки од стакленца мурано, апсолутна приватност…Еден од најубавите хотели во светот, без сомнеж,  е миланскиот Принчипе ди Савоја, омиленото свртилиште на Мадона, Џорџ Клуни, Стинг и многумина кои сакаат да патуваат со многу стил.

hotel 1

Хотелот Принципе ди Савоја, лоциран на миланската Пјаца дела Република, е еден од 10-те најексклузивни хотели во светот. Изграден е во стилот на прочуената Галерија Виторио Емануеле, со доминација на еклектистичкиот стил од историјата на архитектурата – синтеза од неколку култури кои се среќаваат во Милано. Сепак, модерните елементи не недостасуваат. На 10-от кат се наоѓа ултра-модерниот фитнес клуб, заедно со базенот и сауната. На истиот, десетти кат од хотелот, се наоѓа и претседателскиот апартман со кој Принчипе ди Савоја, се гордее. Тој е всушност и најголемиот и најлуксузен апартман во Европа.

hotel 6

Хотелот располага со 404 соби од кои 126 се апартмани. Ентериерот е во типичен ломбардиски стил, а мебелот е креација на славниот италијански архитект Маџолини. Елегантните соби се совршено заштитени од надворешната бука, со блиндирани звукоотпорни големи прозорци. Особен акцент е ставен на бањите кои се фантастично конфорни и пространи. Рафтовите во бањите се преполни со козметичка колекција направена специјално за хотелот-купки, шампони, парфеми, тоалетни води, парфимирани масла за масирање и релаксација.

hotel 8

hotel 10 Задоволството да уживате во една стандард соба во Принчипе ди Савоја чини околу 600 евра. Цените за апартманите се повисоки, од околу 1.000 евра за ноќевање до делукс апартманите кои чинат и над 2.000 евра. Има и кралски апартмани, поголеми и помодерно опремени, кои располагаат со 160 квадратни метри.

hotel 11

hotel 4

hotel 3 Претседателскиот апартман е најчесто зафатен. Цената на изнајмување, за ноќевање, чини над 9.000 евра, па селекцијата на гостите кои имаат привилегија тука да престојуваат е однапред јасна. Џорџ Клуни, Мајкл Даглас, Стинг, англиската кралица, Род Стјуард, принцот Алберт од Монако, претседатели, ѕвезди од шоу-бизнисот, филмот, естрадата…Апартманот располага со 500 квадратни метри, три спални соби, огромен салон за дневен престој, работна просторија, приватен базен, сауна, турско купатило и голем балкон со прекрасен панорамски поглед на градот.

hotel 12

За оние кои не можат да си го дозволат ваквиот ниту сличен луксуз, барот Дони нуди широко мени на кафе и чај. Иако не станува збор за Лондон, туку за Милано, барот е редовно полн во 17 часот попладне кога се сервира чај со вкусни колачиња. Оттука почнуваат и првите муабети за шопинг низ градот.

hotel5

hotel 7

Навечер пак, со звукот на пијаното, господата ужива во шампањското се до доцните часови, кога пријателите се разидуваат, а гостите се враќаат во луксузот на собите.

hotel 9

Интимниот дел е резервиран за оние кои не сакаат да бидат видени. Локалот се вика Прајв, а приватноста е загарантирана. Прајв често се откупува и за организирање на приватни забави, модни презентации, но и за конфорни муабети на два-тројца пријатели. Во зависнот од желбата на клиентот, Прајв може да се трансформира од строго конзервативен во екстра-шик. Неретко ѕвездите кои престојуваат во хотелот однапред го букираат и Прајв за свои приватни седенки, за да се заштитат од љубопитните погледи на останатите гости.

Доколку сакате да патувате со стил, да уживате во прзничната атмосфера на европскиот шопинг центар Милано, да ја прославите Новата година во градот на дизајнот и модата, резервирајте си го вашиот авио-билет и хотел по најповолна цена тука.

 

Ј.Кантарџиева

x

Check Also

Трет европски филмски предизвик – победникот ќе оди на филмскиот фестивал во Венеција

European Film Challenge е иновативна платформа, што ја поврзува најголемата заедница на ...