Изминатата недела од 18-ти до 21-ви март Милано беше во знакот на MCE 2014, најголемиот европски саем за греење и ладење кој годинава се одржа под мотото Global Comfort Technology.
Македонскиот бренд за дизајнирани радијатори „Завар Дизајн“ го имаше своето премиерно претставување со изложбата „Life Lines“.
Мултифункционалните уметнички производи со уникатен дизајн, висок квалитет и технички карактеристики наидоа на одличен прием кај илјадниците посетители од целиот свет.
Поголем дел од изложбата бeшe посветен на најновата колекција „Drop“, која е во соработка со дизајнерката Јана Ацевска, чија колекција накит беше преточена во колекција дизајн на радијатори. Покрај високата естетска вредност, оваа колекција се издвои и поради сосема иновативниот концепт, кој овозможува 11-те основни форми на „Drops“ секој купувач да ги комбинира по своја желба.
Марта Наумовска – Грнарова, генерален менаџер на „ЗАВАР Компани“ и управител на „Завар Дизајн“ ги осмисли своите радијатори – скулптури што греат во моментот кога тие беа иновација и на светско ниво.