Софистициран музички стил во новиот албум на Четкар

Новиот албум на Владимир Четкар насловен „Хевенли“ (Heavenly) од јапонските медиуми е прогласен за ремек-дело.

cetkar 1

Албумот „Хевенли“, карактеристичен по софистицираниот музички стил,  се најде како ексклузивно јапонско издание во сите големи и мали продавници во Јапонија.

Медиумите во Јапонија, меѓу кои и најпопуларната радио станица Интер ФМ 76.1 Токио албумот Хевенли го прогласија за ремек-дело и се најде на првото место на препорачани избори на станиците како и во  музичките продавници.

cetkar 2

Албумот се продава и дигитално преку јапонските ајТјунс, иБеј, Амазон и сите други позначајни дигитални продавници во Јапонија.

Cetkar, Japan

За новогодишните празници Четкар ќе го промовира и  видео записот за Хевенли.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...