Многу стил во новото видео на Четкар (ВИДЕО)

Излезе официјалното видео за песната Хевенли на македонскиот музичар Владимир Четкар кој живее и работи во Њујорк.

cetkar

Песната е од истоимениот албум кој неодамна се издаде во Јапонија, еден од најголемите музички пазари во светот.

Специфичната и префинета јапонска критика остана воодушевена од албумот на Четкар наведувајќи дека станува збор за раѓање на новиот винтаџ звук и големо ремек-дело.

Видеото е снимено на повеќе локации низ Њујорк ( Менхетен и Бруклин) а во него гостува и светската диџеј ѕвезда Димитри Фром Париз кој направи и две ремикс верзии на Хевенли (Heavenly) што исто така се наоѓаат на новиот албум на Четкар.

Наскоро албумот ќе се објави во Европа и во САД.

Во меѓувреме, уживајте во видео-записот кој изобилува со елегантност и многу стил.

 

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...