Мода, фотографија и историја: Луј Витон модна фотографија

Љубителите на модата и модната фотографија како и симпатизерите на марката Луј Витон наскоро ќе имаат можност да ја збогатат својата домашна библиотека со уште едно ексклузивно издание.

l123

Хенри Кларк, Патрик Демаршелие, Ени Лејбовиц, Питер Линдберг, Крег Мек Дин, Стивен Меисел, Хелмут Њутн, Јирген Телер, Марио Тестино…, се само едни од врвните фотографски имиња кои се дел од следниот креативен проект на Луј Витон.

Со есента пристигнува и новата книга насловена „Луј Витон модна фотографија“, која ќе биде достапна во поголемите книжарници низ светот и во бутици на Луј Витон. Во книгата ќе биде претставена еволуцијата на стилот на прочуената марка од 50-те  години на минатиот век до денешно време.

Книгата која е поделена на три дела содржи фототографии од познатите фотографски имиња кои работеле за Луј Витон, модни написи од 1977 до денес, рекламни кампањи и ретроспективен осврт.

Отпечатена во лимитирана едиција книгата „Луј Витон модна фотографија“ ќе биде луксузно издание со три корици завиткани во бело платно.

Ќе биде достапна во продажба од 1 октомври по цена од 100 евра.

 

x

Check Also

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат ...