Прогнозите на модните дизајнери од 1939 година во многу нешта се исполнија. Погодија, на пример, дека ќе се носат чевли со полна пета, проѕирни материјали, но и мобилни телефони.
Некои од најпознатите американски дизајнери во 1939 година гласно размислувале што ќе се носи во наше време. И многу нешта навистина погодија. Во својата фантазија „видоа“ и сукња чиј долен дел може да се извади, па така долгата сукња станува мини, дизајн кој денес навистина постои.
Понатму, „видоа“ проѕирни мрежи и пунџа на врв на главата, чевли на полна пета, и мобилни телефони.
Погледнете ги предвидувањата за денешната мода на дизајнерите од 1939 година.