Модар патлиџан од рерна полнет со сув врат и кашкавал

Летно јадење кое ќе ве освои „од прва“

Потребни намирници – 3 средно големи модри патлиџани, 10-15 парчиња сув врат, димена шунка или сличен сувомеснат производ, 10-на парчиња кашкавал по желба (гауда, чедар, едамер, ементалер..), 3-4 лажици брашно, 2 јајца, лебни трошки, сол, црн пипер и 1 дл масиново масло.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 22 степени. На јајцата додадете им прстофат сол и изматете ги, а брашното претурете го во друга чинија и зачинете го со сол и црн пипер. Во трета чинија претурете ги лебните трошки. Патлиџанот исечете го на кругови со дебелина од 1 см. Искомбинирајте по два кругови од патлиџанот (како сендвич) и наполнете ги со лист кашкавал, па врз него лист сув врат, и завршете повторно со кашкавал. Преклопете со другиот исечен круг од патлиџанот. Секој „сендвич“ внимателно протркалајте го во брашното, потоа во јајцата и на крајот во лебните трошки. Во тава за печење ставете али-хартија и премачкајте ја со половина од маслото. Наредете ги „сендвичите“ од патлиџан, па наросете го врз нив остатокот од маслото. Печете 10 минути, потоа извадете ги од рерната и превртете ги на другата страна, па печете уште 10 минути. Печените патлиџани оставете ги да се оладат на собна температура и послужете ги со салата по избор.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...