Модата им вели „збогум“ на фотошопираните фотографии, во Франција донесен и закон

Се повеќе брендови се вклучуваат на трендот на целосно избегнување на фотошопирани фотографии, а предност даваат на природниот изглед.

Оваа фотографија е ретуширана

Франција донесе закон кој стапува на сила, а кој обврзува, секоја фотографија која е објавена во јавен медиум, а е фотошопирана, под неа да пишува „оваа фотографија е ретуширана“. На овој начин француските власти веруваат дека нема да се создава лажна слика упатена до публиката и ќе се избегне злоупотребата на дигиталната хирургија.

Брендовите се придружија на „збогум“ фотошоп

Бројни познати брендови се придружија на трендот „збогум“ фотошоп, на сметка на форсирање на природниот изглед. Меѓу нив водечки се H&M, Desigual, Asos, Target, Calzedonia и многу други.

Новата кампања на Yamamay водена под хаштагот #MyConfidentBeauty Yamamay е, исто така, во полза на трендот, што не е мала работа – бидејќи станува збор за рекламирање на долна облека и костими за капење каде, впрочем, најмногу е „потребен“ фотошопот.

Од H&M пак, се изјаснија дека предност ќе и даваат на автентичноста и на љубовта кон телото.

Моделите во полза на „не“ за фотошоп!

Healthy girls поради здраво тело и здрав дух, таква е новата порака која се почесто ја испраќаат моделите. И не само моделите. На ова движење се приклучија и бројни глумици и уметници. Синди Крафорд, Џулија Робертс, Ешли Грем, Џасмин Тукс (ангелот на Викторија сикрет) и Емили Ратајковски се само едни меѓу бројните славни имиња кои позираат без дигитални интервенции. И тоа го прават без страв дека ќе ги откријат своите несовршености, стомаче, целулит или брчки.

Дигиталниот хирург треба да биде само мала помош на фотографско ниво. Но во реалноста, тоа не е така. Фотографиите кои ги гледаме не ја претставуваат автентичната личност, односно не ја претставуваат реалноста. Ваквите фотографии доминираат и на социјалните мрежи каде се вложува повеќечасовен труд само за придобивање на „лајкчиња“.

После години на доминација на пластифицираните тела и лица, конечно се раѓа нова свест која го менува погледот на женската убавина. А, вие што мислите? Подготвени сте да го прифатите трендот?

 

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...