Модата веќе не е резервирана само за високи и витки!

На Модната недела во Њујорк за првпат ќе биде претставена колекција за полнички жени.

kabirija 2

Колекцијата наменета за „плус сајз“ девојки и жени ќе биде претставена од модната куќа Кабирија зад која стои дизајнерката Еден Милер.

„Ги почитувам жените со облини и сакам да им помогнам да се чувствуваат убаво. Затоа дизајнирам женствени и дамски креации кои совршено им прилегаат на полничките жени“, објаснува Милер.

Ова ќе биде прв пат во историјата на њујоршката модна недела да учествува модна марка која промовира „плус сајз“ облека.

x

Check Also

Топ моделот Стела Максвел го рекламира новиот парфем на Moschino – Toy 2 Bubble Gum

Ангелот на Викторија сикрет, топ моделката Стела Максвел, е заштитно лице на ...