Една година по фотошоп скандалот на насловната на Флер на која позираше Џенифер Лоренс, списанието објавува насловна страница на која позираат модели без фотошоп и без грамче шминка.
На насловната на мартовското издание на Флер позираат пет модели, а тоа што недостасува на нивните лица е шминката.
На насловната стои хаштагот #iwokuplikethis, а целта е да се поддржат напорите за редуцирање или сосема исфрлување на фотошоп интервенциите во рекламните кампањи и во списанијата.