Бумика Арора

Моделите од Индија се во тренд, доминираат на модните писти и во рекламните кампањи

Од Бумика Арора до Чакшу Шарма, индиските модели се вистински хит!

До неодамна, Европа не ги познаваше и воопшто не беа популарни, а сега се повеќе се барани токму индиските модели, и машки и женски, и веќе предводат во европските мдони аганции.

Критикувани за лансирање претежно „бели“ модели на модна писта или во рекламни кампањи, западните модни куќи повеќе не го ограничуваат своето пребарување на типични „бели“ девојки. Додадете го на ова и успехот на трансродовите модели © и Хари Неф и ќе добиете цела револуција против конвенционалните идеи за убавина и тело.

Постојат многу популарни индиски лица на списокот на модели што доминираат на меѓународните модни писти, а најпопуларни меѓу нив се Бумика Арора и Поја Мор.

Бумика Арора

Поја Мор

Дури и индиските машки модели се здобиваат со предност во европскиот моден свет, појавувајќи се на модните писти на модните недели во Париз, Милано, Лондон, па и во Њујорк. Меѓу нив суперпопуларни се Пратик Шети (присутен дури на 15 ревии за време на модната недела во Париз и го обележа затворањето на ревијата на Ланвин), како и Тухир Брахмбат, еден од омилените модели на Луи Витон.  Чакшу Шарма пак, стана едно од омилените лица и на Марни и последователно маршираше за Loewe. Мустафа Дауд, преку престижната агенцијата Елит, беше вклучен во ревиите на Валентино, Прада и Александар Меквин.

 

x

Check Also

Што ги возбудува хороскопските знаци?

Овен Овенот ужива да биде нечиј трофеј. Тој сака прво да се ...