Моделот Криси Тајген отворено зборува за своите 10-на килограми вишок

33-годишната манекенка и сопруга на популарниот пејач Џон Леџенд отворено зборува за својот вишок на килограми.

Тајген кариерата на модел ја започна во 2004-та година, а по свадбата со Џон Леџенд во 2014 година, оваа убавица доби голема популарност. Популарноста успева да ја задржи и преку досетливите, интересни постови на твитер со кои редовно ја насмевнува својата публика.

Криси во 2019 година

Овојпат, Тајген напиша за својот вишок на килограми и како се чувствува на ова прашање. Имено, со фановите ја споделила информацијата дека пред бременоста имала 10 килограми помалку и дека е свесна за тоа, но и дека тоа не и претставува никаков проблем. Напоменува и дека сака храна, дека ужива во јадењата и дека не планира да се откаже од нив. Едноставно го засакала своето „ново“ тело и го прифаќа такво какво што е.

Криси во 2014 година

Овие „боди позитив“ зборови на Тајген веруваме дека охрабрија голем број на девојки и жени да си го прифатат своето тело без разлика на формата и килограмите и да не се изложуваат на штетни диети.

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...