Моден фото-предизвик: Сирените од Капри

Познатите модни зависнички Ана дело Русо и Џована Батаља, во улога на стилисти, ги здружија силите за снимањето на колекцијата „Алта мода“ на  Долче и Габана за октомвриското издание на јапонскиот Вог. На тимот од соништата се приклучи  талентираниот моден фотограф Бу Џорџ. Резултат? Неверојатна фотосесија.

k5

„Песна на морето“ е насловот на фотосесијата која ја промовира колекцијата за сезоната есен/зима  2014/2015 на креаторската двојка Долче и Габана.

k6

Фотосесијата е направена на италијанскиот остров Капри, осмислена до најситниот детал, а инспирацијата на креаторите е морето и боите на Капри.

k3

Во креации со раскошни апликации и со гламурен накит позираа Далина Арекион, Надја Бендер и Кинга Разјак.

k4

k1

x

Check Also

Mitra.mk слави роденден со „Митрафест“ виртуелниот фестивал

Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено ...