Моден ТЕСТ: Со која икона на стилот се идентификувате?

Интересен моден тест кој ќе разотрие многу за вашиот стил, но и ќе даде решенија за начинот на кој треба да се облекувате и понатаму.

Земете пенкало во раката, запишете ги на лист одговорите под а, б и в на десетте зададени прашања, па на крајот пребројте под која буква (или под кои две букви) преовладуваат вашите одговори. Резултатите прочитајте ги на крајот на тестот.

Во каков модел на чевли се чувствувате убаво и удобно?

а. балетанки

б. со платформа

в. високи потпетици 10-12 см

Како би се облекле за една забава на плажа?

а. во костим за капење и парео

б. во мрежаст фустан под кој се надѕира костимот за капање

в. свилено лесно фустанче

Каква чанта би сакале да носите?

а. црна Шанел чанта со препознатливите синџирчиња

б. мала чантичка со принт, од Фенди

в. црвена дамска чанта од Диор

Кое модно парче мора да го имате во гардероберот?

а. класичен фустан

б. фармерки

в. кожена сукња

Костим за капање кој сигурно ќе го спакувате во куферот?

а. едноденел костим

б. бикини

в. трикини

Кој додаток за коса со задоволство го носите?

а. венче

б. цветна шнола

в. марама

Парче накит кое со задоволство го носите на раката?

а. дискретна алка

б. голема впечатлива алка

в. скап часовник

Која дестинација би ја одбрале за летен одмор?

а. Париз

б. Грција

в. Сен Тропе

Кое цвеќе би сакале да го добиете на подарок?

а. божури

б. црвени рози

в. орхидеи

Во каква куќа би сакале да живеете?

а. стан на Медисон Авенија во Менхетен

б. вила во Мајами

в. вила во Кан

 

Ако имате најмногу одговори под а. 

Вашиот стил е сличен на стилот на Блејк Лаjвли. Лансирана од телевизиската серија „Госип грл“, Блејк Лаjвли бргу стана икона на стилот. Глумицата и во приватниот живот, и на екранот, покажа дека не е толку важен изборот на гардероба туку како ние ја носиме таа гардероба. Секое парче облека го носите и комбинирате со многу стил и ги сакате модните парчиња од познатите модни марки. Не претерувате во модните комбинации, умереноста е вашата најсилна модна страна, па пријатни сте за очите на другите. Вашето модно мото е „помалку е повеќе“.

Ако имате најмногу одговори под б.

Имате стил како Сара Џесика Паркер, современ изглед кој секогаш е препознатлив по оригиналните детаљи и комбинации. Знаете да бидете гламурни, но дури и кога сте во „кежуал“ модна комбинација, секогаш сте во центарот на вниманието. Особено ги сакате чевлите, кои на вашите нозе изгледаат како скулптури. Насекаде спектакуларни благодарение на „неочекуваните“комбинации, вашиот урбан дух ги привлекува погледите на околината која се обидува да ве имитира. Вашето модно мото е „повеќе е повеќе“.

Ако имате најмногу одговори под в. 

Вашиот стил е како оној на Одри Хепберн. Префинет, со беспрекорна елеганција. Поубаво се чувствувате во мал црн фустан отколку во фармерки, а со таква магична енергија и зрачите во околината. Накитот го носите во секоја пригода, тој е подеднакво префинет и нежен. Не ги сакате експериментите, па се држите до модната, безвремена класичност. Всушност, првата лекција која ја добивме од Одри Хепберн е дека малиот црн фустан е непогрешлив избор. Покрај неа, гардероберот и беше полн со тесни панталони, женски костуми и кошули со нагласена крагња. Пробајте ги и вие овие модни комбинации и држете се до мотото „елеганцијата е се“.

Ако имате ист број одговори под а и под б.

Имате стил како Мерилин Монро. Знаете дека за да ги украдете погледите каде и да се појавите, не е потребно да се „посипете“ со светки, туку тоа може да го постигнете и со капри панталони, ролки и лежерни фустани во неутрални бои. Потребно е само да го познавате своето тело и да не се плашите да ги истакнете облините. Мерилин, на пример, со својата фигура на песочен часовник секогаш ги истакнуваше струкот и деколтето. Секогаш сте женствени, а црвениот кармин никогаш не е погрешен избор за да ја покажете вашата заводничка страна. Не го потценувајте значењето на високите потпетици, тие ќе ве натераат да се исправите и да водите сметка за движењето на телото. Држете се до мотото „сексипилноста е се“.

Ако имате ист број одговори под б и под в.

Вашиот стил е како стилот на Елизабет Тејлор. И надвор од екраните нејзиниот изглед беше обележан со сјај и претерување. Како и Тејлор, и вие го обожавате накитот и магепсани сте од се што сјае. Веројатно иамте наклонетост кон огромните, впечатливи парчиња накит, кои ги комбинирате со подеднакво драматични фустани. Вашето модно мото е – „доволното никогаш не е доволно“. Никогаш не се грижите за вашиот вкус, и дали другите ќе кажат дека имате добар или лош вкус, туку се облекувате да си угодите на себе, но и на мажите околу вас.

Ако имате ист број одговори под а и под в. 

Вашиот стил е како на Брижит Бардо. Знаете дека понекогаш наједноставните модни комбинции се и најсексапилни. Сексапилот на Брижит Бардо никогаш не зависеше до длабочината на нејзиното деколте, ниту нејзината привлечност беше резултат на провокативното облекување, туку на ставот – поради тој став таа изгледаше привлечно и во најобични фармерки и маичка. Како и Бардо и вие преферирате модели со голи раменици, шешири и тесни коктел-фустани кои ја нагласуваат вашата женственост. И како кај ниедна друга жена, балентанките на вашите стапала изгледаат неверојатно секси. Исто како и пругастите тесни маички. Држете се до мотото „во ставот е клучот“.

x

Check Also

& Other Stories нуди супер модни комбинации по достапни цени за лето 2021

Ако барате модно парче за вториот дел на жешкото лето, & Other Stories ...