Моден викенд Скопје во знакот на млади креативци и сензуална геометрија

Најновото од 20 дизајнери и модни куќи, гости одстранство и едукативни проекти се само дел од десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври.

FW2

Настанот ќе го отворат дизајнерот Јован Петровски со луксузните брендови SQUIRE и Blackout и Јована Филиповиќ со најновата колекција за пролет‐лето 2015 во мултимедијалниотцентар „Мала Станица“ во Скопје, додека втората вечер е резервирана за „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ во ноќниот клуб „Станица 26“ со колекцијата за пролет‐лето 2015.

Викендот на 25 и 26 октомври ќе продолжи во салонот Ауди‐Порше Македонија. Во тој амбиент ќе ги видиме: LIDIYA GEORGIEVA, Оливера Штакоска, Ирина Тошева поддржана одMy:time, Никола Петровски, Le Brand, Стефанија Насеска и Олгица Ѓоргиева поддржана одOxette. Премиерно ќе се претстават модната куќа HERA, Инес Шабан, „JZJ by Zlatko Jovanovski“ и„Kufer by Andriana Dineva“, a за најмладите кои следат мода ја носиме модната продавница Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на „Софиленд“ ќе гостуваат децата со Даунов синдром од здружението „Трисомија 21“ од Скопје со цел нивна подобраинтеграција во социјалниот живот.

И во ова есенско издание предвиден е едукативен дел. Во организација на Моден викенд Скопје и Британски Совет во Македонија, Ребека Рој, модна уредничка и една од водечките британски стилистки ќе одржи работилница за модни блогери и фотографи наречена „Модноблогирање“. Со поддршка од Министерството за култура предавање ќе одржат Роберт Кавел Кларк од онлајн платформата за дизајнери Not Just А Label, Кендал Робинс програмски менаџер за мода во Британски совет Лондон и тимот на модниот онлајн магазин Stylist.mk.

Моден викенд Скопје започна интернационална соработка па така по гостувањето на Росица Мршиќ на модната недела во Нови Сад во април годинава, по принцип на размена, од Србија ни гостува дизајнерката Марина Миќановиќ која ќе презентира колекција во Ауди‐Порше Македонија, а Ирина Тошева заминува на предстојното издание во Нови Сад.

По претставувањето на „Mcouture by Mila Kadriu“ на Приштина фешн најт во април годинава, на нашето десетто издание ќе гостува Флутура Дедиња од Приштина, препознатлива по својот специфичен дизајн.

Во соработка со Белград фешн вик (Belgrade Fashion Week) во рамките на проектот „Зона 45“ , десеттотоиздание на Моден викенд Скопје ќе го затвори ексклузивната ревија на српската дизајнерка Ивана Пиља, која соработува со светски познати имиња како Лили Ален, Дита Вон Тис и многудруги. Шоуто на Пиља ќе се случи на 27 октомври во Телеком иновацискиот центар во Скопје. На претстојниот Белград фешн вик публиката ќе ја види колекцијата на Лидија Георгиева (LIDIYA GEORGIEVA).

Најновото од Росица Мршиќ ќе го видиме во продолжение на Моден викенд Скопје, на 31 октомври, но начинот на презентација, дизајнерката го остава како изненадување до самиот крај. „

Mcouture by Mila Kadriu“ во организација на Моден викенд Скопје ќе ги изненади љубителите на нејзините креации со ексклузивна ревија кон крајот на ноември.

Веднаш по ревиите, продажбата на колекциите продолжува и оваа сезона но овој пат најбрзо и наједноставно со картичките на Халкбанк (HALKBANK) во Lotus Design Store.

Тимот кој ќе се погрижи за реализација на десеттото издание е: Официјален партнер за шминка оваа сезона е Авон Македонија, за фризура – Lakme во соработка со фризерското студио Бубе Студио Ин. Guerlain‐ официјален парфем партнер на Моден викенд Скопје 10.

Партнер за убавина – Космо. Фото: Ани&Дими, а официјална модна агенција ‐ Подиум.

Покровители на настанот се Министерство за култура на Р.Македонија, Општина Карпош и Британски совет во Македонија.

Поддржувачи на Моден Викенд Скопје: Официјална вода на настанот традиционално – Пелистерка, наш домаќин и официјално возило на настанот – Порше (Porsche), Официјално вино ‐ Сковин, Официјална камера‐ Канон (Canon), Официјална водка – Финландија (Finlandiа).

FW1

Инфо за фото‐ имиџот:

Фото : Ани и Дими

Концепт и дизајн : Анита Гај

Модел: Моника Алексовска, модна агенција Подиум

Шминка: Авон Македонија# Зоран Шурбевски

Фризура: Lakme, Бубе Студио Ин

Кастинг директор: Ирина Илиевска

Cтајлинг: Виктор Цветановски

Видео: Марина Трајковска

Менаџер за односи со јавноста : Марија Илиќ

Продуцент: Светлана Богова‐Јовановска

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...