Моден викенд Скопје – втор ден

Со четири ревии во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 31 март беа претставени нови колекции за сезоната пролет-лето 2018 во рамките на 17. издание на Моден викенд Скопје.

Од колекцијата „Text me“

Втората вечер ја отвори заедничката ревија на студентите од Факултетот за арт и дизјан при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018, на која петнаесет студенти ги прикажаа своите креации.

Потоа публиката ја виде колекцијата на „Berna Saraci“ од Косово, наречена симболично „0000“.

Berna Saraci

Колекцијата ја карактеризираат чисти кроеви, прилично лежерен став, кој, сепак, изразува софистицираност и моќ. Да изгледаме стилизирано и да се чувствуваме во нашата кожа е мојот најважен тренд. Тоа е причината зошто колекцијата има тенденција да покаже микс на спортска и елегантна урбана девојка. Таа е самоуверена и нема потреба од многу труд за да ја покаже својата личност“, вели дизајнерката Сарачи.

Најновата колекција на „Atelier Kocareva“ е наречена „Boundless“. „Моите модели се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција изобилува со свечени комбинации во три бои, парчиња со нагласен струк, голи раменици, набори, транспарентни делови и слично“, рече Коцарева за својата нова колекција.

Atelier Kocareva

За крај на вечерта публиката ги вие моделите на „Pallada“ и колекцијата „ El Suеñо“.

Pallada

„Колекцијата која ја работевме заедно со мојата мајка, Снежана Палада е составена од 15 креации уникатни и рачно изработени. Насловот ’El Suеñо‘, што од шпански јазик се преведува како ’Сонот‘, е произлезен од темата на самата колекција, односно Викторија Еугенија, шпанската кралица во дваесеттите години на минатиот век. Инспирирани од тогашната мода, која таа самата ја претставила во јавноста преку нејзините кралски фустани, создадовме колекција со премногу детали, а сепак едноставни и безвременски“, вели Алек Палада.

Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје завршува на 01 април со четири ревии и еден перформанс.

x

Check Also

Есенска тексас колекција од Zara (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Моделот Грејс Хартзел ни ја претставува во новиот едиторијал есенската тексас колекција ...