Модерен животен водич: Пронајдете ја вашата страст

По една неодамнешна анкета околу 75 % од населението не ја знае нивната вистинска страст. Очигледно, речиси секој не го прави тоа што мислел да го направи. Ова е едно „отрезнување“, бидејќи треба да го правиме она што мислиме дека е потполно неопходно ако сакаме да бидеме среќни.Можеби затоа има толку несреќа во нашето општество, луѓето не го прават она за што се тука. Да се пронајде нашата вистинска страст не е едноставно како што ни се чини. За некои луѓе тоа доаѓа сосема природно,но би требало да се запрашаме зошто сме ние воопшто родени, што треба да правиме? Еве седум прашања кои ќе не одведат до нашите ултимативни страсти :

A-Passion-for-Life-Logo_Large-EDIT1

Што правите за да имате насмевка на лицето?

Дали е тоа некој одреден настан или некоја тема што одеднаш го прави вашето лице толку порасположено? Што и да е што ве прави насмеани и среќни кога и да се соочите со тоа, сепак тоа е знак дека имате страст во вас. Искрено веруваме дека среќата и страста одат едно со друго. Обете имаат потреба едно од друго. Мирот е среќа, а среќата страст.

Што е тоа што вие го наоѓате лесно?

Вообичаено, она што ни изгледа лесно да го најдеме е поврзано со страста. Многу е тешко да мразите нешто што наизглед ви е лесно. На пример, да речеме дека добро свирите на пијано, вам ова свирење ќе ви изгледа лесно, а со тоа сте и посреќни. Забавата е патот до среќата и среќата е синоним на страста.Така оценете се што правите, што ви е лесно и забавно,тоа всушност е најверојатно вашата страст. И не помислувајте дека се е безгранично или глупаво. Некои луѓе нивната страст ја наоѓаат во скејтборд, цртање или достигнување врв во кариерата. Запомнете, кариера може да направите од ништо, ако имате страст за тоа.

24

Што би направиле бесплатно?

Во нашето општество ние сме управувани од семоќните пари.Така функционира системот и така мора и ние да играме. Проблемот е што ова ги наведува луѓето прво да посегнуваат по пари, наместо по она што ги прави среќни. Сме прочитале безброј статии за берзански брокери и доктори како ги напуштаат своите високо платени функции за да го работат она што навистина го сакаат. И за ова има причина зошто. Доколку го следите она за што имате страст, без да помислите дали тоа ќе ве направи богат или не, ќе завршите успешно. Она што го работите со страст го извлекува најдоброто од вас, а тоа ќе ве води до високи дострели и  ќе ве турка до успехот. Дали навистина мислите дека најбогатите луѓе се таму каде што се зошто сакале да станат богати? Најчесто не, туку тоа го направиле затоа што биле страстни во тоа што го правеле, а големиот успех бил само резултат на нивната посветеност кон работата.Затоа размислете да направите нешто што го сакате, па макар и да не ве платат за тоа. Направете нешто што едвај чекате да го започнете, нешто што би сакале да го правите цело време.

Melissa and Jeni's photo shoot 073

За што би сакале да разговарате?

Темите за кои разговараме дефинитивно ќе ни кажат за што сме заинтересирани, а во исто време и да откриеме во што навистина ние уживаме. Повеќе време ние не сме ни свесни за тоа. Затоа за го откриеме ова, треба да ги запрашаме пријателите. Прашајте ги пријателите за која тема тие мислат дека сте највеќе заинтересирани да разговарате, кои теми ќе ви ги отворат очите и ќе ви го сменат однесувањето. Гарнтирано,некои од нивните одговори ќе ве изненадат и вас, некои од нив и нема да ви бидат баш јасни, но пријателите можат да ја забележат разликата на вашето лице која вие не ја гледате. Пробајте, ова е одлична вежба која може да ве насочи поблиску до откривање на вашата страст.

Што ве прави бестрашни на неуспех?

Кога правиме нешто со страст ние имаме целосна доверба во нашите способности.Така ние не се грижиме дали ќе имаме неуспех бидејќи во нашиот ум се прашуваме како може да згрешиме кога го работиме тоа што го сакаме? Работејќи го она што го сакаме е само по себе успех, така што неуспехот е невозможен. Помислете само на нешто што  работите или сакате да го работите без оглед на се, нешто за што немате сомнежи. Помислете на нешто што чувствувате дека мора да го направите и дека неуспехот не е ваша грижа затоа што самиот чин на работа е како едно патување до дестинацијата која најмногу ја сакате. Ова лесно може да биде вашата вистинска страст.

За што би зажалиле што не сте го направиле?

Сите ние имаме по некои соништа и некако животот ќе не пренасочи во друга насока и следното нешто е што сфаќаме дека сме далеку од оние соништа што сме ги имале. Доколку би биле на крајот на животот за што би зажалиле што не сте го направиле? Што сте сакале да направите, но не сте добиле шанса да го направите тоа? Помислете што би можело да биде тоа. За било што да се каете што не сте го направиле сега или порано или не сте пробале да го направите ова е добра шанса  да ја препознаете вашата вистинска страст. Нема ништо полошо отколку да стигнете до крајот и да се покаете. Затоа пронаоѓањето и следењето на страста  е многу важно. Живејте го животот така да немате за што да зажалите.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...