Знаеме дека повеќето луѓе се плашат од лилјаци, но ако погледнеме на нив како на некои мачиња што летаат, стравот ќе изчезне. Или, доволно е само да погледнеме на овие фотографии.
Болницата Толга во Атретон, Австралија, е специјализирана за нега на напуштени мали лилјаци. Тимот од болницата се грижи за лилјаците се додека тие не се способни сами да го продолжат животот или додека не бидат сосема здрави. А потоа лилјаците се пуштаат во природата или се носат во некоја од зоолошките градини.
Но оваа болница исто така служи и како прифатилиште за постарите, „пензионирани“ лилјаци кои веќе не сакаат да бидат дел од локалните зоолошки градини или за оние кои веќе едвај летаат од старост.
Па ако се уште мислите дека лилјаците се срашни, се обложуваме дека овие фотографии ќе ви го променат мислењето.