Модерна технологија: Септември во знакот на Ај-Воч

Фановите на производите на Епл, но и оние кои ја следат модерната технологија, со нетрпение го очекуваат новиот паметен часовник Ај-воч.

aj2

Ај-воч ќе има многу намени и апликации. Со него, на пример, ќе може и електронски да се плаќа, а синхронизацијата со Вај-фај и поврзаноста со мобилниот телефон ќе овозможи безброј функции кои го олеснуваат животот.

aj1

Со оглед на тоа дека конкуренцијата во тех-часовниците е прилично голема, компанијата Епл обезбеди маркетинг тим од соништата за промоција на часовникот, а меѓу нив се и поранешната извршна директорка на Барбери, Анџела Арентс која е назначена за директор на онлајн продажба, и поранешниот креативен директор на Ив Сен Лоран, Пол Денев, назначен за директор на големопродажба.

Во промоцијата ќе бидат вклучени и славни личности, а главната улога во кампањата за сега ќе ја има ѕвездата на НБА, Коби Брајант.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...