Модна блогерка Александра Митевска: женственоста во преден план

Александра како љубител на пишувањето, модата и фотографијата одлучила своите страсти да ги спои на едно место, на нејзиното катче – блогот, наречен Fashion Compilation.

aleksandra 2

„Во блог-сферата сум од неодамна, од март оваа година. Не случајно го започнав блогот, токму во март. Март е месец на мојот роденден, месец на пролетта, месец кога природата се буди и носи нешто ново, нешто убаво “, вели Александра.

Блогирањето ѝ донело навистина убави нешта, нови пријателства со блогерките од нашите простори, како и одлична интеракција со оние кои го следат нејзиниот блог.

aleksandra 1

Идејата и инспирацијата за нејзините комбинации ги црпи од секојдневните ситуации, она што се случува околу неа, местата кои ги посетува, временските услови, излегувањата…

aleksandra 4

За нејзиниот стил, вели дека не постои конкретна линија која го дефинира, сака понекогаш да експериментира со парчињата гардероба, но секогаш се труди да ја истакне женственоста со доза на елеганција во нејзините комбинации. Токму затоа, придава големо значење на шминката, косата и ноктите.

aleksandra 3

„Уредна фризура, средени нокти и минимална шминка се работите благодарение на кои  уште повеќе се истакнува женственоста и убавината кај една жена или девојка. Низ моите постови секогаш се трудам да ги доловам овие моменти, и на сметка на тоа секогаш добивам позитивни критики ”, вели таа.

aleksandra 5

Модната блог сцена во Македонија сеште не е доволно развиена, но на големо задоволство кај Александра, во последно време никнуваат нови модни блогови. Овој факт многу ја радува и се надева дека во иднина поимот блог кај нас на многу луѓе ќе им стане јасен и блоговите ќе бидат повеќе забележувани и посетувани.

aleksandra 6

За крај, оваа наша блогерка ви порачува: „Бидете расположени кон модата, изборот на гардероба за една дневна комбинација нека ви биде забавне, а за сметка на тоа добијте доза на позитивна енергија и исполнет ден! “

x

Check Also

Збогум Питер Линдберг, великан на модната фотографија

На 74-годишна возраст почина великанот на модната фотографија – Питер Линдберг. Линдберг ...