Модна неонка!

Доколку не ви е доволно осветлувањето во вашиот омилен ноќен клуб и не сакате да ве туркаат во гужвата одберете „неон“ ѓердан или само едно парче облека со неонска моќ за вашиот вечерен диско изглед.

 

mn 1
Гарантирано, таа вечер ќе бидете во центарот на вниманието, особено доколку целосно се препуштите на танцувањето. Ноќна диско кралица или девојка која зрачи како сончева светлина преку целиот ден.

mn 2
Треба да сте многу внимателни со дозирањето на оваа неон модна манија. Навистина, еден мал детал во жолта, розова или зелена неон боја може да го освежи вашиот дневен изглед или да ве направи највпечатливата девојка во ноќниот клуб.

mn 3
Уживајте во комбинирањето на неон модните парчиња, но внимателно и секогаш со вкус, за да не оставите впечаток на „лоша“ неонка која набрзо ќе „прегори“ .

mn 6

М.Р.

 

x

Check Also

Волшебство во градот од 4 до 31 декември – Новогодишен забавен базар во Skopje City Mall, ви ја носиме ПРОГРАМАТА

Конечно, дојде месецот во кој сѐ што сакаме е забава, подароци, убави ...