Модна утка на Меланија Трамп во Египет

Во последниве недели, Меланија Трамп го привлекува вниманието со неколку, последователни модни утки. Најсвежа од нив е изборот на гардероба во која позира пред пирамидите во Египет. На добиените критики кои го вжештија Интернетот, таа ќе одговори – „Посакувам луѓето да се фокусираат на тоа што го правам, а не на тоа што го носам“.

За посетата на Гиза, првата дама на САД одбра чудна модна комбинација – бела кошула и панталони, крем сако, црна вратоврска и црн ремен и шапка. Според твитерџиите, таа изгледа како Мајкл Џексон.

Но, сепак да се фокусираме, нели, на тоа што таа го прави…

x

Check Also

Најоригиналните изгледи на црвениот тепих на American Music Awards 2018

Изгледот на ѕвездите на црвениот тепих непосредно пред започнувањето на Американските музички ...