Модната блогерка Кјара Ферањи ја распродава облеката

Познатата модна блогерка Кјара Ферањи ја распродава нејзината облека директно од гардероберот.

kjara 7

Благодарение на шопинг- сајтот Депоп, може да си купите парче облека од гардероберот на Кјара Ферањи која одлучи да ја распродаде гардеробата која не ја носи. Знаете веќе, не зборуваме за некоја „обична“ облека туку за брендирани модни парчиња од типот на чевли Лубутен, чантички Фенди, блузички Марк Џејкобс, фустанчиња Долче и Габана…

kjara 4

Накусо, славниот гардеробер на Ферањи „крцка“ од брендирана скапа облека која ја облекла само еднаш или два пати, а сега ја продава по суперповолни цени. Парите од оваа продажна акција Ферањи ќе ги донира за хуманитарни цели.

kjara 1

„Има фантастични парчиња облека во мојот гардеробер кои речиси и не сум ги облекла, па добро е да дадам некому шанса да ужива во нив“, објаснува блогерката.

kjara 3

x

Check Also

Хороскоп за јули 2020 година: Сатурн се враќа во Јарец, добри вести за сите земјени знаци!

Во јули планетата Сатурн ќе го напушти знакот на Водолија за да ...