Модната инфлуенсерка Кјара Ферањи е бремена со девојче? Веста „кружи“ на социјалните мрежи

Според италијанскиот неделник „Оџи“, една од најпопуларните модни инфлуенсерки во Европа, убавата Италијанка Кјара Ферањи чека девојче.

Но, дали навистина Лео ќе има сестричка?

– Овие весници кои секогаш пласираат вести, тие вести никогаш не ги потврдиле од нас (како и секогаш), напиша Кјара на својот Инстаграм профил, коментирајќи за полот на бебето кое е на доаѓање.

Меѓу знаците што ги натерале луѓето од социјалните мрежи да поверуваат дека таа чека девојче е и розово бојадисан дел од косата на нејзниот сопруг Федез, како и розовите срца што често ги објавуваше двојката. Случајност? Случајност? Веројатно да, со оглед на последните зборови на Кјара.

x

Check Also

Кралски изглед на денот – Црвеното макси палто на Кејт Мидлтон

Во сезоната на палта, јакни и блејзери, војвотката од Кемриџ воодушеви со ...