Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, повторно направија модно преклопување.
На отварањето на V&A Музејот во Шкотска, Кејт Мидлтон се појави во карирано зелено палто од Александар Меквин. Мидлтон го фаворизира карираниот принт и често го носи.
Но, списанието Космополитен ја забележа сличноста меѓу модниот избор на Кејт и Меган Маркл која при ланската посета на Шкотска носеше карирано палто во слични нијанси од Барбери.
Модното преклопување се гледа и во изборот на чантичката во слична нијанса и многу сличен модел.