Модни детали од свадбата на Шарлота Казираги и Димитри Расам

Шарлота Казираги и Димитри Расам се венчаа, а за нивната свадба долго ќе се зборува како една од најелегантните, меѓу другото, и благодарение на креациите од Шанел и Ив Сен Лоран, како и накитот од Картие.

Шарлота важи за најубава жена од кралското семејство во Монако. Таа е внука на Грејс Кели. А на својата свадба блесна во вистински кралски сјај, покажувајќи многу стил во изборот на гардеробата која ја носеше. Невозможно е да не се забележи облеката која таа ја носеше за време и после церемонијата – од Шанел до Ив Сен Лоран, елеганцијата го имаше последниот збор.

Првиот фустан што го носеше Шарлота беше со потпис на Ив Сен Лоран, дизајниран за неа од Антони Вакарело. Мини фустанот од тантела беше украсен со три панделки. Димитри пак, носеше син костум исто така од Ив Сен Лоран.

Вториот фустан на Шарлота беше од луксузната модна куќа Шанел, која е всушност, и омилена марка на Шарлота, а особено поради нејзиното пријателство со Карл Лагерфелд. Белиот свилен фустан имаше деколте во форма на срце, додека на вратот блескаше ѓердан од Картие. Овој ѓердан некогаш го носела и Грејс Кели. Димитри носеше бело палто во комбинација со темни панталони, од Ив Сен Лоран.

Свадбата се случувала во градината на Палатата Грималди.

Инаку, Шарлота е второ дете и единствена ќерка на принцезата Каролина од Монако и италијанскиот бизнисмен и спортист Стефано Казираги. Моментно е петта во линијата на наследството на монаршкиот престол, после својата мајка Каролина, браќата Андре и Пјер и братучедот Саша.

 

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...