Модни дизајнери кои креираат под туѓо име

Александар Ванг за Баленсиага, Мариса Веб за Банана Репаблик…, тоа се веќе стари вести. Знаевте ли дека Ролан Муре стои зад дизајнот на чевлите Робер Клержери, на пример? А има и други нови вести на оваа тема.

dizajner 5

Зак Позен

Наскоро името на Зак Позен ќе се најде во сите трговски центри низ Америка. Летово, дизајнерот потпиша договор за креативен директор на женската колекција и модни додатоци на „Брукс Брадерс.“ Колекцијата ќе биде во продажба за сеозната пролет 2016 година.

dizajner 3

 

Ролан Муре

Ролан Муре стана креативен директор на Робер Клержери во 2012 година, со цел да се прошири и репозиционира францускиот бренд во посовремен правец. „Мојата цел е да се создаде нова емотивна врска меѓу марката,  медиумите и клиентите”, изјави Муре за британскиот Вог. „Сакам да направам чевлите Робер Клержери да станат на секоја жена најчувана тајна во гардероберот“.

dizajner 2

Џоргина Чепмен

Изложбата на Чарлс Џејмс во Метрополитен музејот не беше само едно големо модно враќање на Џејмс. Продуцентот Харви Вајнштајн и неговата сопруга, дизајнерката Џорџина Чепмен, ги здружија силите за да внесат нов живот во непостоечката модна куќа. „Чарлс Џејмс беше еден од најпознатите креатори во историјата на модата, и оваа марка заслужува да биде во истиот ред со Шанел, Диор и Оскар де ла Рента”, изјави Вајнштајн.

dizajner 4

Бруно Фризони

Бруно Фризони, познат како париски принц на чевлите и дизајнер кој ги третира чевлите како облека, ја лансираше својата модна марка на обувки во 1999 година . Во 2003 година, Фризони се приклучи на Роже Вивие како креативен директор враќајќи ја класичната модна марка во центарот на вниманието.

x

Check Also

Samsung ги прошири можностите на апликацијата SmartThings Find со Galaxy SmartTag опцијата

Прикачете го Galaxy Smart Tag локаторот на клучевите, паричникот или други важни ...