Модни додатоци од Dolce & Gabbana за пролет 2019

Италијанската луксузна модна марка Dolce & Gabbana ја претстави рекламната кампања за модни додатоци дизајнирани за пролет 2019.

Кампањата е снимена на сицилијанските богати пазари од фотографсото дуо Браќа Морели, а пред објективот позираат убавиците Бјанка Балти, Алана Фелизберо, Кјара Шелси, Тереза Хајес и Јунми Сан.

Акцентот е на логоманијата (нагласување на логото) и кај моделите на чанти и кај моделите на очила за сонце, потоа на ретро инспирираните модели на очила за сонце и пом-помите како додатоци кои ги гледаме насекаде. Се разбира, повторно шаренилото е сеприсутно кое носи животна радост.

Погледнете дел од фотосесијата.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...