Модни клонови, модели-жртви и грешки: И една приказна за предавството

Заменете ги само улогите. Макарие, не мора да биде воопшто фрескосликар во оваа приказна. Може да биде и моден креатор, може да биде и „џетсетер“, може да биде и една жена која трага по сопствениот стил…Може да бидете и вие самите. Кој кого копира? Кој е предавникот, а кој е жртвата -модел, заклучете сами или едноставно, само пронајдете се во приказната.

juda 1

Животописецот и талкачот Макарие по многу години враќајќи се од Света Гора прстигна во Лимската долина. 20 години пред тоа, Макарие токму оттука, од Лимската долина, појде на едно далечно патување. Стигна до Цариград, го виде Ерусалим, ја виде и Одеса. Пред 20 години Макарие ја започна работата на иконостасот на црквата во Лимската долина и се’ наслика, освен лицето на Исус, лицето на малиот Христос во рацете на Богородица. И се наслика Макарие освен лицето на Јуда Искариотскиот. Три месеци бараше момче чие лице би му послужило како модел за малиот Исус. И го најде и го наслика најпосле Макарие, но лицата кои би му послужиле како модел за Јуда Искариотскиот не можеше да најде. И појде низ светот, со четкичките и боите во ранецот, тргна да го бара лицето на Јуда Искариотски.

20 години го бараше лицето од својата идеја, лицето од својата метафора, го бараше Јуда Искариотски, но не го пронајде. Стана и богат и славен. По 20 години се врати во Лимската долина. Појде кон црквата и во дворот на црквата здогледа просјак како седи со шише вино во свежото засолниште. Штом му го здогледа лицето Макарие заклучи дека тоа е тоа лице кое со години го бараше. Лицето на Јуда Искариотски. Му ги наполни дланките со златници, го нарани, а потоа го внесе во црквата.

Седум дена Макарие го сликаше лицето на Јуда Искариотски и седум дена неговиот модел плачеше.

Зошто плачеш? – го запраша Макарие на седмиот ден – Ти дадов и пари и те наранив.

„Пред 20 години ти послужив како модел за малиот Исус“, му одговори бедникот.

Макарие, последниот претставник на византиската школа на овие простори, е во блажен мир веќе двесте години. Зад него останаа многу икони на овие простори. Остана и прикзната за Јуда Искариотски.

Остана и една приказна за предавството.

Ј.К. Н.Ј. Б.М.

x

Check Also

Како ја замислувате модата на доцниот 21 век?

Изгледа дека прогресот во модниот свет е побрз од нашите очекувања. Побрз ...