Модни недели во Токио и Шангај: модните ревии ќе бидат виртуелни во деновите на коронавирусот

За време на карантинскиот период, оние што не се откажуваат од следење на трендовите, модните ревии ќе бидат емитувани виртуелно. Таков е случајот со модните недели во  Токио и Шангај. Дали иднината на модните недели во следниов период ќе биде преку Интернет?

Коронавирус ги стави на проба и модните ревии во Италија, како и во целиот свет. За многу брендови кои претпочитаа да ги откажат пролетните настани посветени на колекциите, во очекување на подобри времиња, има и такви кои претпочитаат да експериментираат служејќи се со интернетот. Ваков е случајот со модните недели во Токио и Шангај.

Модната недела во Токио беше закажана за 16-21 март. Сепак, на крајот јапонската организација за мода реши да не го  откаже целосно настанот посветен на колекциите есен-зима 2020/2021, туку да ги претстави модните ревии „во живо“ преку Интернет. На ваков начин гледачите не само што ќе можат виртуелно да присуствуваат на ревиите „во живо“, туку ќе можат и да ги гледаат неколку пати.

Истата судбина ја има и Модната недела во Шангај, првично закажана за 24-30 март. Прво, настанот беше целосно откажан, но сега, по примерот на Токио, ревиите ќе можат да се гледаат преку Tmall, платформа на кинескиот гигант „Алибаба“, која ќе им овозможи на своите 800 милиони месечни активни корисници да присуствуваат на модните ревии на 150 брендови што ќе учествуваат на настанот. Не само тоа, туку можноста see now-buy nowсега ќе им овозможи на гледачите да ги нарачаат и купуваат колекциите што ќе парадираат на модната писта во реално време, благодарение на специјалните виртуелни апликации што се достапни на паметните телефони.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ – Literatura.mk Superstore

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...