Модни парчиња од ZARA дизајнирани од вештачка кожа

Шпанската модна марка ZARA лансираше жежок тренд за есен/сима 2020 година, посветен на сите оние кои ги сакаат и се грижат за животните.

Есенската колекција е разубавена со модни парчиња од вештачка кожа кои ги презентира, во новиот тренди водич, италијанската моделка МаријаКарла Босконо.

Материјалите доаѓаат во нијанси на шумска-зелена, коњак-кафена и темно бургунди.

Колекцијата вклучува плата, јакни, елечиња, мини сукњи и панталони. Комбинирајте ги со чизми или со плетени џемпери инспирирани од стилот на 70-те години.

x

Check Also

& Other Stories ја претстави колекцијата за меѓу сезоните

Преземете го стилот инспириран од Лос Анџелес со дизајни од креаторите на ...