Модни трикчиња за да го сокриете вишокот околу стомакот

Неколку килограми плус и тоа наталожени на и околу стомакот знаат да претставуваат вистински проблем кога изборот на гардероба е во прашање. Но ако ги знаете овие правила, сигурно се ќе стане многу поедноставно.

балон блуза

балон блуза

Блузи „сечени“ под градите

Ваквите блузи се вистински избор за вас бидејќи околу стомакот се широки и лелеави и така не отсликуваат ништо. Одберете неколку вакви блузи во различни бои и комбинирајте ги со сако и фармерки па дури и со хеланки. И балон блузите се добро алтернативно решение.

Мидери

Мидерите се суперпрактични и одлично го сокриваат стомакот. Денес се дури и пријатни за носење, а ги има во најразлични модели, направени од цврст растеглив материјал.

Кажете „не“ на кратките јакни

Никако не носете јакни со должина до стомакот или уште пократки. Одберете јакна која има должина најмалку до колковите. Така ништо нема да ви „излегува“ од страните дури и кога носите тесни фармерки.

slika 2

 

Цврсти ткаенини

Тенките ткаенини се слепуваат за телото и ја отцртуваат секоја несовршеност. Затоа одлучете се за цврсти материјали. Со оглед на тоа ека пред нас се студени денови памукот е одлично решение.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...