Модни велигденски јајца: Елегантна и женствена декорација со тантела

Тантелата е моден тренд за сезоната пролет/лето 2015, а доколку сакате модерни велигденски јајца, тогаш изборот е „чипкани јајца“.

cipka 1

Не ви треба посебно мајсторство за да ги направите овие елегантни, нежни велигденски јајца. Потребни ви се варени јајца, ножички, гумички, боја за фарбање на јајцата и парче чипка.

Се разбира, кога спомнуваме материјал-тантела, тоа е парче од кошула, фустан, марама или прекривка која повеќе не ја користите.

cipka 2

Со ножички исечете ја чипката на парченца кои се доволно долги за да се завиткаат во нив јајцата. На местото каде што сте ја ставиле чипката врз јајцето, ставете и гумичка, која уредно ќе ги држи заедно.

Ставете го јајцето во боја за фарбање и оставете го да отстои во бојата неколку минути.

Кога ќе ги извадите јајцата од бојата, пресечете ги гумичките и отстранете ја чипката.

Видеото ве води чекор по чекор до елегантни чипкани јајца.

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...